Досега утврдени резерви од 505 милиони тони руда

Bez autora
May 13 2012

Досегашните истражувања покажаа дека наоѓалиштето на бакар и злато Иловица, на падините на Огражден, во општината Босилово, располага го големи рудни резерви и таму може да биде отворен најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа. Ова вчера во Штип го рекоа претставници на канадската компанија „Еуромакс“, која лани ја откупи концесијата за истражувања од американската компанија „Фолпс доч“. За Иловица, односно за доделување дозвола за експлоатација , според министерот за eкономија, Ваљон Сараќини, Владата ќе одлучува на својата седница на 27 мај, кога ќе се разгледува целокупната информација за досегашните истражувања. Ако одлуката на Владата биде позитивна, ќе следува доделување дозвола за работа, со што би се почнала постапката за отворање на рудникот.

Досега утврдени резерви од 505 милиони тони рудаДосегашните истражувања покажаа дека наоѓалиштето на бакар и злато Иловица, на падините на Огражден, во општината Босилово, располага го големи рудни резерви и таму може да биде отворен најголемиот рудник за бакар и злато во Југоисточна Европа.

Ова вчера во Штип го рекоа претставници на канадската компанија „Еуромакс“, која лани ја откупи концесијата за истражувања од американската компанија „Фолпс доч“.

За Иловица, односно за доделување дозвола за експлоатација , според министерот за eкономија, Ваљон Сараќини, Владата ќе одлучува на својата седница на 27 мај, кога ќе се разгледува целокупната информација за досегашните истражувања. Ако одлуката на Владата биде позитивна, ќе следува доделување дозвола за работа, со што би се почнала постапката за отворање на рудникот. Според процените, рудникот би можел да почне да работи најрано за пет години, а инвестицијата би била најмалку 700 милиони евра. Во рудникот треба да се вработат од 500 до 1.000 луѓе.

- Во ноември лани, со документацијата со која побаравме концесија и дозвола зa експлоатација, од Министерството за економија ги испративме дотогаш утврдените количества рудни резерви со детаљните геолошки истражувања. Утврдените резерви беа 473 милиони тони руда. На 31 декември, со продолжувањето на истражувањата, таа бројка изнесува 505 милиони тони руда, од која може да се добијат 919 илјади тони бакар и 136,5 тони злато. Процени за други метали не се правени, бидејќи тоа може да се утврди со понатамошна технолошка постапка - рекоа од „Еуромакс“.

- Истражувања кај Иловица имало уште во 1935 и во 1936 година, но најсериозните почнаа пред десетина години, кога дојде американската компанија. Се истражуваа Kазан Дол во Валандовско, Kадиица кај Пехчево, која сега ја истражува руски „Солвеј“ и Иловица. Kонцесија за детаљни геолошки истражувања во Иловица Американците добија пред осум години. Се потврди дека овде може да се отвори најголемиот рудник за бакар и злато во југоисточна Европа - рече д-р Марин Александров, кој повеќе од една деценија е вклучен во истражувањата на бакар и злато во Македонија.

Утврдената просечна содржина на рудата е 0,185 отсто, а кај златото 0,27. Во моментот на берзите цената на тон бакар била 8.400 долари за тон, а на златото 1.600 долари за унца.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik